Ова се 5-те прашања на кои одговара момчето- убиец од Белград! Сведочи во постапката против татко му, зборува за оружјето

Коста. К., осомничен за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, по наредба на Вишото јавно обвинителство во моментов е на распит, а сведочи во постапката против неговиот татко, кој се товари за тешко дело против општата безбедност. Според неофицијални информации, 5-те прашања на кои треба да одговори се:

• Дали татко му го малтретирал?

• Каков бил односот во семејството, помеѓу мајката, таткото и сестрата?

• Дали татко му го носел на стрелиште?

• Дали го научи да пука?

• Дали му ја дал шифрата на сефот со пиштолот?

Постои сомнеж дека таткото непрописно го чувал оружјето, како и дека го обучувал синот како да ракува со него. Вишиот суд го заплени имотот на таткото на момчето осомничено дека го извршило масакрот во „Рибникар“, на предлог на оштетените.

Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе решение со кое го усвои предлогот на оштетените С.С.Ч., Б.А., М.М., И.Б., Н.К., Д.Д., Б.А., А.А и Р.В.Ј. за определување на привремени мерки за обезбедување имотно-правни побарувања, па на обвинетиот му се забранува да располага, отуѓува и оптоварува недвижен и подвижен имот чиј сопственик е:

– стан во Белград,

– идеални делови од деловен простор во Белград и

– патничко моторно возило

Привремените мерки можат да траат до конечното завршување на кривичната постапка.

Back to top button
Close