Јована Тренчевска и Александар Трајановски нови потпретседатели на СДСМ

На седницата на Централниот одбор на СДСМ се избра новото раководство на партијата. Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ, како предлози на Венко Филипче.

Генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски. Во раководството се враќа и Ана Чупевска, која ќе ја предводи новооформениот советодавен совет на партијата.

Изненадување на седницата беше изборот на Александар Давчевски за претседател на Градската организација на СДСМ. Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, додека поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, е меѓу новите членови.

 

 

Венко Филипче исто така ги предложи Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ, Андреј Бислимовски и Филип Андов-Сокол.

 

Според најавата на Филипче, Фани Каранфиловска Пановска ќе остане заменик-претседател, додека нејзината оставка треба да ја констатира Конгресот. Со овие избори, СДСМ има комплетно обновено раководство кое ќе ги води партиските активности и иницијативи во наредниот период.

 

 

Back to top button
Close