Јовановиќ: Парите директно да им се исплаќаат на работниците, а фирмите да се казнат

Бранимир Јовановиќ, универзитетскиот професор и поранешен советник на министерот Тевдовски на Фејсбук напиша дека фирмите кои добиле државна помош, а не им ги исплатиле парите на работниците, веднаш да бидат казнети и објавени.

„Ако ова не се направи, секоја фирма во иднина ќе знае дека може слободно да си ги крши законите на штета на работниците и да поминува неказнето. И во иднина, кога ќе се дизајнираат вакви мерки, парите директно да им се исплаќаат на работниците, а не преку фирмите“, објави Јовановиќ.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска објави дека вкупно 281 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец април 2020 во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени.

„Овие работодавачи се од дејностите: 62 фирми од дејноста трговија на мало, примиле финансиска помош од 1.715.262 денари и на 126 вработени не исплатиле плата, 43 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 1.249.452 денари и на 95 вработени не исплатиле плата, 24 фирми од дејноста транспорт, примиле помош од 630.750 денари и на 44 вработени не исплатиле плата, дејност градежништво – 17 фирми примиле помош од 660.738 денари и на 48 вработени не исплатиле плата за април“, изјави таа.

 

Back to top button
Close