Јовановиќ: Партијата која се претставува како „Левица“ нема ништо од вредностите, водена е од класичен диктатор кој уште не влезен во Собрание се заканува со стрелање

Фејсбук статус на Бранимир Јовановиќ:

Ќе беше супер ако во Собранието влезеше нова партија, подобра од постојните, наднационална, која се залага за правда, за еднаквост, за сиромашните, за работниците, за обесправените…

За жал, партијата која сега се претставува како „Левица“ нема ништо од ова. Оваа партија својата популарност ја изгради на анти-албанска реторика и на националистичкото мото „името не го даваме“. Водена е од класичен диктатор кој ја презема партијата со фалсификат и сега им пушта кривични пријави на сите кои не мислат исто како него. Постојано користи говор на омраза и повикува на насилство, шири сексизам, мизогинија, исламофобија. Добива донации од десетици илјади евра од соминителни фирми, покрај 220-те илјади евра од државата. И уште не влезен во Собрание, се заканува со стрелање.

Да, СДСМ разочараа, не донесоа правда и се здружија со олигарсите. Да, ВМРО се националисти кои не сакаат да расчистат со криминалното минато. Да, ДУИ се опортунисти, кои зад превезот на национализмот, гледаат само тендери. Но оваа „Левица“ е најлоша од сите. Оваа „Левица“ е екстремно десна, национал-социјалистичка, фашистичка. Затоа мораме сите да се спротивставиме одлучно на ова зло, пред да стане предоцна.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close