Јовановиќ: Владата го става интересот на крупниот капитал пред интересите на граѓаните

Бранимир Јовановиќ, економски експерт и аналитичар, остро ја критикува најавата на Владата за намалување на данокот на добивка од 10% на 5% за компаниите со годишна добивка над 50 милиони евра, нарекувајќи го овој потег „приоритетизација на крупниот капитал на сметка на граѓаните“.
Според Јовановиќ, оваа мерка јасно покажува дека Владата ја става добросостојбата на неколку големи компании пред интересите на пошироката јавност.

„Владата има намера да се откаже од 20 милиони евра од буџетот, пари кои можат да се искористат за зголемување на платите на наставниците, реновирање на болници, или поддршка на сиромашните и малите фирми. Наместо тоа, тие сакаат да ги почестат петте најголеми компании во земјата, кои веќе имаат добивки од над 250 милиони евра,“ истакнува Јовановиќ.

Тој додава дека иронијата е што овие средства нема ни да останат во рацете на компаниите, бидејќи глобалниот минимален данок, кој Македонија го прифати, ќе ги пренасочи овие пари кон земји како Германија или Франција. „Оваа мерка е само празен потег, кој ќе ги оштети граѓаните и државниот буџет без да донесе никаква реална корист за економијата,“ заклучува Јовановиќ.

 

Back to top button
Close