Јовановиќ за СТУДИО 10: Долговите на државата ќе се враќаат со повисоки даноци, прашање е само дали ќе се даночат сиромашните како сега, или богатите


Поголем дел од економистите се за рамен данок, но ако ги прашате луѓето тие се за прогресивен данок. Ние правевме анкети за тоа и се утврди дека 70 отсто луѓе се за прогресивен данок а економистите кои ги советуваат политичарите и ги носат одлуките живеат во облаци, вели Бранимир Јовановиќ, од Виенски институт за меѓународни економски студии, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Условите не се многу сменети од претходното издавање на еврообврзницата, па не очекувам дека каматата за еврообврзницата што ќе се издаде денес ќе биде поголема повеќе од 0,5 процентни поени споредено со претходниот пат. Ние плаќаме 200 милиони евра за камати од буџетот и тоа е загрижувачи оти толку се издвојувањата за сиромашните граѓани. Државата кога тогаш ќе мора да ги зголеми даноците само прашање е дали ќе ги даночи сиромашните како сега или ќе ги плаќаат богатите. Социјалдемократите по дефиниција треба да се грижат за гражаните а не за бизнисите, но кај нас како што се чини работите се извртени, вели Јовановиќ.

Тој вели дека најголем проблем се влијанијата од бизнис секторот врз Владата. Станува збор за олигарсите, а не за ситниот бизнис.

Back to top button
Close