Јовановска: Докторите се револтирани зошто некои упорно не ги почитуваат мерките и прават фамилијарни веселби

Викторија Јовановска, директор на ГАК за Телма истакна дека здравствените работници се револтирани зошто некој упорно не ги почитуваат мерките и прават фамилијарни веселби, додека нивниот персонал е изолиран од семејствата повеќе од три месеци.

-Чекаме 10 резултати на пациентки на гинекологија, во меѓувреме, примивме две од кои што едната е позитивна на ковид-19. Се уште имаме места на клиниката, доколку ги сместуваме пациентките според сите протоколи и алгоритми имаме 20 места, бидејќи целиот спрат ни е претворен во ковид центар и се уште имаме места во моментот имаме 12 пациенти. Разговарав со министерот за здравство кој кажа дека многу брзо ќе ги добиеме овие брзи тестови за Ковид-19, бидејќи ние имаме апарат и персонал кој да ги работи и ќе биде олеснета многу нашата работа затоа што нема потреба да ги примаме пациентите во изолација и да ги блокираме капацитетите. Доколку ги добиеме овие ПЦР тестови би имале резултат за 40 минути и ќе знаеме дали пациентката треба да ја сместиме во оделот за изолација или да ја префрлиме во оделот за породилни сали.

Досега имаме породено 125 пациентки во изолација од кои 20 биле позитивни на коронавирус.
Од персоналот на гинеколошката клиника четворица се позитивни на Ковид-19 и тие се во изолација и имаме уште четворица во самоизолација поради контакт со заразени од коронавирус. Сега се вратија вработените кои беа во самоизолација и сега се доекипиравме во моментов до следниот момент кога пак ќе имаме вработени во самоизолација.
Персоналот е преморен и револтиран зошто некој упорно не ги почитува мерките, прават фамилијарни веселби, додека дел од нашиот персонал е изолиран од семејствата повеќе од три месеци. Апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, рече Јовановска.

Back to top button
Close