Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да не ја разрешат осудената претседателка на УО на КХС!

Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје повторно избегаа од дискусија, овојпат за разрешување на Претседателката на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена за која е донесена правосилна пресуда со која истата кривично е осудена, објави денеска на Фејсбук советничката од Левица, Катерина Јовановска.

– Иако првично речиси од сите советници беше изгласана оправданоста за одржувањето на вонредната седница и откако се разви жестока дебата дали претседателката на УО на КХС треба да биде разрешена или не, советниците на ДПМНЕ најпрво побараа пауза, а потоа ја напуштија седницата со што снема кворум и истата беше прекината.

Скоро идентично сценарио се случи и пред две недели кога исто така вонредната седница на која требаше да се дискутира за дивоградбите во Чаир и другите општини во Скопје, беше прекината, односно воопшто и не се ни одржа затоа што советниците на ДПМНЕ ја повлекоа точката од дневниот ред.

Од што се плашат советниците на ДПМНЕ и зошто бегаат од дискусија на седниците?

Од друга страна пак, Советот на Град Скопје веќе еден месец е без Претседател откако Трајко Славески стана Гувернер на НБРМ, а од советничката група на ДПМНЕ нема иницијатива ниту за избор на нов советник -кој следен треба да влезе на местото на Славески, ниту пак предлагаат избор на нов Претседател на Советот.

Со ваквото однесување на советниците на ДПМНЕ ( и коалицијата) како најголема советничка група работата на Советот на Град Скопје е сериозно доведено во прашање и неизвесно е дали до истекот на советничкиот мандат ќе може вооошто да се одржи редовна седница.

Можеби колегите од ДПМНЕ со мислите се веќе кај следните локални избори, но се прашувам со кој легитимитет ќе бараат поддршка од граѓаните на следните локални избори кога изминативе четири години видовме само деструкција, ароганција и саботирање, со што беше доведена во прашање функционалноста и на Советот и на јавните претпријатија и воопшто на целиот главен град?! – објави советничката.

Инфомакс претходно ја посети КХС, односно се обидовме да присуствуваме на седницата на Управниот одбор која по Деловник е јавна, но претседателката и членовите на Управниот одбор се возменирија и практично ја избркаа нашата екипа.

Видете ја целата ситуација во продолжение:

 

Back to top button
Close