Овчарски кучиња над Дебар нападнале белгиски планинари, се качувале по бандери за да се спасат
Во ОВР Дебар, вчера околу 19 часот бил примен повик за помош, од белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над градот, но биле нападнати од кучиња.
По добиената информација дека се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, полицијата со теренско возило веднаш се упатила кон местото. Заедно со ловочуварот од селото Новак, биле пронајдени тројцата планинари, белгиски државјани Л.М. (42), М.Л.К. (62) и Ј.Ј. (41). Тие биле безбедно пренесени до автомобилот.
Планинарите појасниле дека откако поставиле камп шатор, ги нападнале овчарски кучиња и се качувале на бандера за да се заштитат