Јове Кекеновски станува директор на најголемиот земјоделски комбинат во Македонија
Јове Кекеновски, некогашниот лидер на згаснатиот Фронт за демократска Македонија, станува еден од петте директори на Управниот одбор на најголемиот земјоделски комбинат Пелагонија АД Битола.
На следната седница на собранието на акционери што ќе се одржи на 11 август, предвидена е точка на која треба да се разреши Салаудин Арифи, а Кекеновски да се назначи за нов неизвршен и независен член на Одборот на директори.
„За неизвршен и независен член на Одборот на директори на Земјоделскиот комбинат ПЕЛАГОНИЈА АД Битола СЕ ИЗБИРА И НАЗНАЧУВА: Јове Кекеновски од Скопје, дипломиран правник, доктор на политички науки, државјанин на Р.С.Македонијa“, стои во една од предлог-одлуките што како најава се доставени до „Македонска берза“.
…