Овен има решение за клупата на Манчестер Јунајтед

Поранешниот англиски репрезентативец и играч на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед Мајкл Овен има решение за клупата на „црвените ѓаволи“ по отказот на Рубен Аморим. Тој смета дека екс играчот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик би бил опција за клубот до крајот на сезоната.

Овен притоа се осврна и на отказот на Португалецот Аморим.

–  Тоа е резултат на тоа што се случувало надвор од теренот и слично со тоа што му се случи на Мареска. Клубот отказот го соопшти следното утро, откако Аморим имаше жестока изјава по нерешениот резултат (1:1) со Лидс. Изгледа дека тоа ја прели чашата, изјави Овен.

Манчестер Јунајтед вечерва во натпревар од 21.коло од Премиер лигата гостува кај Барнли.

Back to top button
Close