Јовески до Коцевски: Ништо не ми значи обвинувањето дека сум криминалец, тоа повеќе говори за вас

Ништо не ми значи вашето обвинување дека сум криминалец, комуникацијата на тоа ниво со јавен обвинител повеќе говори за вас, отколку за моето вршење на функцијата, одговори државниот јавен обвинител Љубомир Јовски на обвинувањата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски на комисиската расправа за годишниот извештај за работата на Советот на јавни обвинители за 2021 година.

Фото: МИА

Коцевски обвини дека Јовески е чувар на криминалот.

Некој што го чува криминалот на власта во случајов СДСМ и ДУИ, на Ковачевски, на Заеви и на Оливер Спасовски не може ништо друго да биде освен криминалец – рече Коцевски.

Јовески му одговори дека тоа што Коцевски како пратеник отворено се заканува на државен јавен обвинител е причина за малата доверба во правосудството.

Не се плашам, ова што го правите ќе ви појасни професорката каков атак е на самостојноста и независноста на правосудните органи. И покрај таа закана бидете спокојни бидејќи мене ништо тоа не ми значи. Таа закана врз мене е закана и врз другите правосудни органи. Не можете така да се однесувате. Не може на такво ниско ниво да комуницирате со јавен обвинител. Тоа повеќе говори за вас отколку за моето вршење на функцијата. Јас во секој момент сум подготвен да преземам одговорност – одговори Јовески.

Според опозициските пратеници, состојбата во правосудниот систем е катастрофална. Тие сметаат дека владејачкото мнозинство е незаинтересирано бидејќи не присуствува на седницата со цел да избегне дискусија.

Се додека правосудството е под закрила на извршната власт ќе имаме огромна недоверба. Поразителни резултати покажуваат анкетите. Голема недовреба, допрено е дното. Голема заслуга во градењето недовреба во системот има и јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Треба човек сам на себе да си признае кога работите не одат во добра насока. Треба некој да понесе одговорност. Не очекувам додека е оваа Влада некој да понесе одговорност, но апелите се да се расчистат случаите кои прават земјотрес во општествениот живот на државата, бидејќи токму Јовески е клучна алка во градењето на оваа недоверба – рече пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Дафина Стојановска рече дека очекуваат Јовески да дејствува по три афери и скандали барем по допрен глас – „Броило“, „Тајни имоти“ и „Паразити“.

Државава ни е трула од криминал и корупција, а во извештајот велите дека сте биле успешни. Апел да се заземете во вашата работа и да се зафатите за оние предмети кои ги пикавте по фиоки, а кои може се поништени од несреќни случаи – рече Стојановска потенцирајќи дека патот до ЕУ мора да го изодиме сами, но оти треба да почнеме да постапуваме строго по закон и Устав.

Back to top button
Close