Јовески: Очекувам многу брзо Обвинителството во Тетово да се изјасни за случајот со трагедијата во тетовската модуларна болница

Истрагата за трагедијата во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември лани, при што во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини на пациенти, е при крај и деновиве, за брзо време очекувам Обвинителството во Тетово да донесе одлука за овој настан, соопшти денеска јавниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на пратеничко прашање до каде е случајот и дали ќе ма кривична одговорност.

„Жал ми е што оваа голема трагедија се користи во политтички цели. Обвинителствот од почекот презеде се и одоговорно пристапи. Ако ние, како што беше поставено прашањето, сакаме да го забошотиме овој случај, немаше уште вечерта на помош на Обвинителството од Тетово да им ставиме на распогање двајца дежурни обвинители од Скопје и сите ресурси со кои распола ЈО. Дека Обвинителството постапува објективно е и фактот што се побара меѓународна помо од германски експерти за вештачење. Во овој дел од постапката не се преземени само овие вештачења, сослуашани се и други лица, има вептачење од Техничкиот факултет, електирчната инсталација… Со оглед на фазата во која е предметот нема да го образложам, туку сакам да ве уверам дека целосно го истражуваме овој случај и на поставените дилеми ќе дадеме одговори – рече Јовески.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, кој го постави прашањето, рече дека не е задоволен од одговорот на Јовески, истакнувајќи дека се што тој денеска кажа се вести стари седум месеци, веќе слушнати од медиумите.

„Единствено ново што кажавте е дека очекувате деновиве да има нешто од Обвинителството во Тетово. Очекувате – рече Лефков.

Тој исто така му забележа на обвинителот Јовески дека не може да каже дека со поставувањето на прашањето за тетовската трагедија овој настан се политизира, бидејќи како што рече, тоа прашање е поставено од собраниска говорница, од лица кои се избрани од народот, а јавноста треба да знае што се случува.

 

 

Back to top button
Close