Јовески: Телата на изгорените патници сè уште се извлекуваат од автобусот  

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска дојдоа да ги посетат преживеаните патници од страшната автобуска несреќа. Тие пред болницата во изјава за медиумите информираа дека истрагата е во тек и дека во овој момент не можат да кажат ништо.

– Автобусот има удрено во банкина, тоа се првичните информации кои ги имаме. Друго не знаеме, трае увидот на бугарските колеги на лице место. Истрагата е во тек, имаме одлична соработка со бугарските колеги. Во овој момент не можеме ништо да кажеме, изјави Јовески.

Како што рече тој, можни се два фактори за несреќата – човечки фактор и техничка неисправност.

– Станува збор за обемно вештачење. Уверен сум дека бугарските лекари преземаат се за грижата на повредените. Чекаме идентификација на починатите, а семејствата ќе бидат информирани. Во овој момент, телата на изгорените патници се уште се извлекуваат од автобусот. Потоа ќе следува идентификација на лицата, најверојатно ќе требаат биолошки траги на роднините да се извлече ДНК, додаде Јовески.

Роднините на патниците од автобусот кои беа собрани пред болницата, изјавија дека немаат апсолутно никакви информации за состојбата на нивните роднини. Тие го прашаа Јовески што да прават, дали да седат таму или да се вратат во скопје. Јовеск иим посочи дека билошки материјал од роднините ќе се зема во Скопје и дека е пожелно да бидат таму кога ќе ги повикаат во Институтот за судска медицина. Потоа земениот материјал ќе се прати во Софија каде ќе се прави идентификација на жртвите, нагласи Јовески.

Back to top button
Close