Јовица Михајловски, Владимир Темков, Љупчо-Бубо Каров и Марко Китевски – добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.
За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на: Љупчо Каров, мултимедијален уметник; Владимир Темков, академски сликар; Јовица Михајловски, драмски актер и продуцент.
Наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката му се доделува на проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор.
Претседателка на одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.