ОВР Кичево издаде 20 прекршочни платени налози за неносење маска

 Полициски службеници од ОВР Кичево синоќа во периодот од 20 часот до 2 часот по полноќ, извршија акциска контрола низ угостителските објекти во тој град во однос на почитување на препораките за превенција безбедносно-хигиенска заштита од Ковид-19.

-Притоа, не се констатирани неправилности кај угостителските објекти, а кон физички лица издадени се 20 прекршочни платни налози за сторен прекршок од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид -19, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој посочи дека синоќа во 23:50 часот во полициска станица во Охрид приведени се Б.Т. (21) од Кичево и Д.С.(23) од кичевското село Вранештица.

– При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димоски.

Back to top button
Close