ЈП „Лајка“: Вдомувањето бездомно куче не е само хуман гест, туку и суштинско за решавање на проблемот со бездомните кучиња
Јавното претпријатие „Лајка“ денеска организираше манифестација за одбележување на петгодишнината од основањето на која имаше изложба на кучиња што бараат дом, натпреварувачка изложба на миленици, како и ученички цртежи од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ и креативна работилница. Имаше и избор за најсмешна фотографија. Од манифестацијата беше испратена порака за дека вдомувањето е единственото хумано решение за проблемот со бездомните кучиња. Проблемот, беше речено, е системски и бара заедички одговор на сите надлежни институции.
-До сега покажавме дека знаеме да работиме одговорно и транспарентно, за што сведочат и бројките. Работиме со интегритет и хумано. Посветени сме на хуманата метода залови, стерилизирај и врати, посветени сме на вдомувањео како најдобра завршница во решавањето на комуналниот проблем со бездомните кучиња. Во овие три години колку што сум јас во „Лајка“ успеавме да заловиме преку 3200 кучиња, но и да вдомиме една треитина од нив или 1100 кучиња, рече директорката на ЈП Лајка Радмила Пешева.
Таа вели дека во периодот во кој раководи со претпријатието ЈП „Лајка“ прераснало во системски двигател на хуманата грижа за бездомните кучиња во Скопје
Со ограничени ресурси, како што нагласи, но со јасна визија „Лајка“ изгради препознатлива практика третман со грижа вдомување како крајна цел. Поастојано се комуницира со јавноста која е информирана, вклучена.
ЈП „Лајка“, вели Пешева, покажала дека дека е пример за јавна институција која работи со срце, а оти тоа се покажува низ бројки.
Во „Лајка“ електронски се евидентира секое куче, со следење од влез до вдомување, има волонтерска програма со формализирана обука и вклучување граѓани. Воспоставена, велат, е соработка со училишта и општини, стабилен обем на работа и покрај блокада на сметката и само четири општински партнери. Ова градско јавно претпријатие има најуспешна финансиска година со 13,2 милиони денари нето добивка, намалени адвокатски и административни трошоци, соработка со градоначалници и државни институции и меѓународни организации, како ENPA најстара организација за заштита на животни во светот.
Директорката Пешева вели дека ќе продолжат да работат со многу поголемо искуство, и поголема волја. Ги користат, нагласува таа, сите ресурси и човечки и финансиски, со кои располагаат, а имаат и поддршка од волентерите во Скопје и во цела Македонија.
-Сепак проблемот е упорен. Тој е системски повеќеслоен и се надвеаме дека институциите кои треба да дадат поддршка и да го решиме проблемот ќе дадат уште поголем придонес и ќе имаме конечно еден одговрен чекор во решавање хумано на овој проблем, а резултатите да бидат се повеќе видливи, истакна таа.
Од ЈП „Лајка“ нагласуваат дека вдомувањето не е само хуман, туку и општествен, комунален, едукативен и превентивен процес. – Секое вдомено куче значи едно животно помалку на улица, помалку ризици за граѓаните и почиста, побезбедна и похумана урбана средина. Вдомувањето претставува суштински дел од решението за прекубројноста на бездомните кучиња – дел што директно го поврзува човекот со заедницата и со сопствената одговорност кон неа, порачуваат од ЈП Лајка по повод одбележувањето на петгодишнината од формирањето.