ЈП „Паркови и зеленило“: Редовно го одржуваме зеленилото во градот, полевањето го вршиме во вечерните часови

ЈП „Паркови и зеленило“ ја демантира вчерашната објава на Општина Аеродром со наслов ,,ЈП Паркови и зеленило иако се платени од жителите целосно го занемарија јавното зеленило“.

„Ве информираме дека ЈП „Паркови и зеленило“ е надлежно за одржување на зеленилото во парковите , булеварите собирните и магистралните улици кои се под надлежност на Град Скопје. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општината. ЈП Паркови и зеленило редовно и континуирано го одржува зеленилото според усвоената Програма за работа од страна на Советот на Град Скопје“, се вели во соопштението

Од таму додаваат дека во летниот период при екстремно високи температури освен редовното косење тие и редовно го поливаат зеленилото и посочуваат дека полевањето го вршат во вечерните часови.

„Така, полевањето на зеленилото го вршиме во доцните вечерни часови за да се избегне испарување на водата поради високи температури во текот на денот, а и поради апелот од ЈП Водовод и канализација за рационално користење на водата во деновите со екстремно високи температури за да не дојде до нестабилност во водоснабдувањето во високите зони. Наводнувањето го вршиме од 23 до 5 часот наутро“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“

Back to top button
Close