ЈП Улици и патишта:  Костовски фрустрациите ги компензира со китење со туѓи перја

Од Јавното претпријатие Улици и патишта денеска му порачаа на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски да не се кити со туѓи перја, бидејќи улицата Александар Урдаревски се реконструирала со пари од Град Скопје.

-Навистина е тажно кога фрустрацијата на еден човек мора да се компензира со лаги и китење со туѓи перја.

Таков е и случајот со ул.Александар Урдаревски улица во надлежност на град Скопје, која по децениско барање на жителите, започнува да ја реконструира нашето Јавно претпријатие Улици и патишта, со целосно финансирање од страна на Град Скопје.

Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9600 м2 и должина од 1270 метри, со изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот, се предвидува подигнување ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.

Дарко Костовски за истата ни финансиски ниту на било каков друг начин не придонел, затоа некултурно е да промовира проекти на ЈП Улици и патишта, кои неговите сопартијци советници на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје континуирано ги блокираат, порача директорот на ЈП Улици и патишта, Саид Саид

Back to top button
Close