ЈП “Улици и патишта” Скопје: Нема повредена жена од паднат семафор

ЈП “Улици и патишта” Скопје ги демантира неправилно пренесените информации кои денес беа објавени од страна на некои медиуми со акцентирање во насловот дека “Семафор паднал во Ново Лисиче и повредил жена која била итно пренесена во болница”.

Ве известуваме дека одговорните лица кои работат во Центарот за контрола и управување на сообраќајот, во корелација со дежурните екипи на ЈП “Улици и патишта”-Скопје кои ја одржуваат светлосната сигнализација на семафоризираните крстосници во градот, утрово пријавија  сообраќајка на крстосницата од бул.„Видое Смилески-Бато“ спроти ТЦ “Лиса” ,поради која настанало оштетување и на семафорот со цел да се интервенира на терен за санација на семафорската опрема.

Направен е и записник со полиција и истрагата е во тек.

Поради тоа апелираме  во иднина информациите кои ќе бидат објавувани во јавност да бидат проверени и издржани од страна на медиумот, а не да се пласираат невистини со кои може да се наштети на претпријатието, се вели во демантот на ЈП „Улици и патишта“.

Back to top button
Close