ЈП Водовод и канализација апелира да се чува канализацискиот систем и да не се фрла сешто во него

Одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување, велат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

 

Како што информираат од претпријатието, при неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина.

Од „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните да пријавуваат злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем на телефоснките броеви: 02 3073 010, во Дежурно информативниот центар, 02 3240 300, во дирекцијата на претпријатието, како и електронските адреси: [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk ; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Back to top button
Close