Пајат: Островите имаат право на ексклузивна економска зона и континентален гребен

Уште еднаш ја потврдивме нашата правна  перцепција дека островите имаат право на ексклузивна економска зона и континентален гребен, исто како и копното, напиша на „Твитер“ амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат по средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата станало збор за прекинот на огнот во Либија, како и за ситуацијата во источниот Медитеран.

– Денеска имавме значајна можност со министерот Никос Дендиас да ја повториме нашата поддршка за прекинот на огнот во Либија што води до политичко решение , како и нашиот повик до сите надворешни страни, вклучувајќи ги Русија и Турција, да запрат со испораките на со оружје и џихадисти што го продлабочуваат насилството. Исто така, уште еднаш ја потврдивме нашата правна  перцепција дека островите имаат право на ексклузивна економска зона и континентален гребен исто како и копното, напиша Пајат на неговиот официјален „Твитер“ профил.

Дендиас пак, исто така на „Твитер“, напиша дека во фокусот на разговорите била ситуацијата во источниот Медитеран и во Либија.

Back to top button
Close