Паје обвинет за сексуално насилство
Бразилското Обвинителство и формално поднесе тужба против 38-годишниот француски фудбалер Димитри Паје за „сексуално, физичко и психолошко насилство“ врз неговата поранешна девојка.
Бразилските обвинители го обвинија поранешниот француски репрезентативец за злоупотреба на 28-годишната адвокатка Лариса Ферар, со која беше во врска.
„Поднесена е пријава против Димитрије Пајет и испратена до Судот за семејно насилство“, објави обвинителството, без да наведе дополнителни детали за тужбата.
Бразилските медиуми објавија дека Паје се товари дека емоционално ѝ наштетил на својата поранешна девојка со „болни и понижувачки изрази, понижување, манипулација и исмејување“.
„Мал чекор, но голема победа“, напиша адвокатот на Лариса Ферар на Инстаграм откако бразилските медиуми го објавија обвинението.
Според бразилските медиуми, кои се повикуваат на полициски извештај, Паје, кој има сопруга и четири деца, признал дека имал вонбрачна врска, но негирал дека извршил насилство.
Паје од пред две години е фудбалер на бразилски Васко де Гама, откако претходно настапуваше за Олимпик Марсеј, Вест Хем, Лил, Нант и Сент Етјен. За француската репрезентација одигра 38 натпревари и постигна осум голови.