Пациенти со карцином чекаат резулати од биопсија и по еден месец

Пациенти со карцином во напредна фаза се принудени да чекаат резултати од направена биопсија кои не се готови и по месец дена, дознава „Слободен печат“ од членови на нивните семејства кои се во безизлезна состојба.

Сестра ми има карцином на дојка, трет стадиум. Операција ѝ беше направена на први април. Резултатите од биопсијата според кажувањата на службеник се готови уште на 18 април, но тие не се авторизирани. Така, ние немаме увид дали болеста прогресирала или со Божја волја е подобрена ситуацијата. Проблемот е на патологија. Според тоа што го читам во коментарите од групите за борба против карцином, сестра ми не е единствената, изјави за „Слободен печат“ сестра на пациентка.

повеќе

Back to top button
Close