Пациентка од „Демир Хисар“ тешко повредена, испаднала од болничко возило


Министерството за внатрешни работи информира дека доцна синоќа после полноќ, пациентка од психијатриската болница „Демир Хисар“ испаднала од возило на патниот правец Демир Хисар – Битола.

Според полицијата, пациентката испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата. Во возилото имало и медицинска сестра од установата.

–Пациентката се здобила со тешки телесни повреди кои биле констатирани во клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар, стои во полицискиот билтен.

Back to top button
Close