Пациентот во Белгија, хирургот во Белград – Од Клиничкиот центар на Србија извршена прва роботски асистирана телехируршка операција во регионов врз пациент во Белгија

Прва роботски асистирана телехируршка операција во регионов беше извршена денеска од Клиничкиот центар на Србија (КЦС), за време на која пациентот беше во болница во Белгија, а хирургот кој ја водеше интервенцијата – во Белград.

Благодарение на телемедицината, пациент во Белгија со рак на простата беше опериран од Белград од професорот Алекс Мотри, основач на познатата ORSI Academy, светски познат центар за едукација во областа на минимално инвазивната и роботски асистирана хирургија.

Пред операцијата, професорот Мотри одржа предавање во Клиничкиот центар на Србија за локалните лекари, кои ја следеа операцијата во живо.

„Досега сум извршил 8.000 вакви интервенции и многу сум горд што денеска сум во Белград, од каде што ќе ја извршам првата роботска операција во овој регион врз пациент во Белгија“, рече тој.

„Сега, благодарение на 4G мрежата и можностите за WIFI, можеме да го правиме тоа од далечина. Денеска, всушност оперирам пациент кој е оддалечен 1.800 километри од Белград“

Тој наведе дека постои визија за центар за обyка во Белград.

„Нашата визија е да започнеме центар за обука од Белград, што ќе биде поврзан со мојот центар за обука во Белгија, така што ќе имаме исти методи насекаде во светот. Мислам дека е вистинско време да се премине на следното ниво и да се претстави роботската хирургија на Србија и регионот“, изјави тој

Back to top button
Close