Пад на француската економија од 5,3 отсто во првиот квартал, најголем квартален пад од 1968 година

Француската економија падна за 5,3 проценти во првиот квартал од 2020 година во однос на претходниот квартал, како резултат на затворањето на економијата предизвикана од епидемијата на коронавирусот, покажаа денешните податоци на државната агенција за статистика ИНСЕЕ.

Тој индикатор е помал во однос на првичните податоци на ИНСЕЕ, кога беше проценето дека падот на бруто-домашниот производ во првите три месеци е 5,8 проценти.

Тоа е најголем квартален пад на Франција од 1968 година, кога земјата беше зафатена во граѓански немири, масовни студентски протести и генерални штрајкови.

Бидејќи француската економија забележа пад од 0,1 процент во последниот квартал од минатата година, тоа значи дека земјата влезе во техничка рецесија, што по дефиниција се случува со пад на БДП во два последователни квартала.

Back to top button
Close