Падна дел од фасада на палатата Лазар Поп Трајков во Центар,

Падна дел од фасадата на палатата Лазар Поп Трајков во строгиот центар на Скопје.

Во оваа палата има повеќе институции, а во непосредна близина е и зградата на Министерството за енергетика.

На местото, е обезбеден тротоарот со цел да се спречат несакани инциденти, објави 4NEWS.mk

На терен може да се забележи и дел од фасадата кој се уште виси и во секој момент може да падне, со што се создава директна опасност за минувачите.

Како мерка на претпазливост, целиот потег на тротоарот пред објектот е ограден со жолта предупредувачка лента, а поставени се и видливи натписи со текст „НЕ ПОМИНУВАЈ!“ на македонски јазик

Back to top button
Close