Падна Волстрит
Американските пазари денеска отворија пониско ниво, со пад на сите три главни берзански индекси на Волстрит.
Dow Jones падна за 611,5 поени или 1,51%.
S&P 500 забележа пад од 103,7 поени или 1,90%, додека Nasdaq Composite отвори со пад од 489,5 поени или 2,86%.
Овој пад дојде еден ден по силниот скок на акциите, поттикнат од одлуката на Доналд Трамп да ги паузира царините на 90 дена.