Паднаа парчиња од барокната фасада на улица Македонија во центарот на Скопје
На пешачката улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје, паднаа парчиња од барокната фасада, дел од проектот „Скопје 2014“, пренесува САКАМДАКАЖАМ.
Парчињата паднаа на улицата, за среќа во овиј инцидент никој не беше повреден.
Од Град Скопје за СДК, рекоа дека станарите од објектот треба самите да си ја санираат фасадата.