Паднала од автобус на ЈСП и завршила во болница

Вчера утро, во полиција е пријавено дека во Скопје на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ на автобуска постојка, Н.М.(20) се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје, управуван од З.Н.(62) од Скопје, и откако автобусот се придвижил, паднала на коловозот.

Таа се здобила со тешки повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close