Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија

Поради паднато дрво, од 17:50 часот во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Битола – ГП Меџитлија, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце чекањето е околу 1 час за излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава

Back to top button
Close