Падрино: Венецуелската армија ќе спречи инсталирање влада потчинета на САД

Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино изјави дека вооружените сили на земјата ќе спречат инсталирање влада во Каракас која ќе биде потчинета на САД,јавија француските медиуми.
Падрино го обвини Вашингтон дека се обидува да го собори претседателот Николас Мадуро со поддршка на опозицијата.
-Толкувајте го како што сакате. Вооружените сили тука нема да дозволат влада која е потчинета на интересите на САД, изјави Падрино за венецуелската јавна телевизија.
„Никогаш повеќе робови! Ние сме слободна земја!“ додаде министерот за одбрана.
Претходно, САД објавија дека испраќаат ударна група бродови со носачот на авиони „Џералд Форд“ во Јужна Америка, поради тензиите со Венецуела.






