Паелја – медитеранска класика со морски плодови

Паелјата е традиционално јадење со потекло од Шпанија, но денес е омилена ширум Медитеранот. Богата со вкусови, ароми и бои, ова јадење е идеално за семејни собири и свечени трпези. Комбинацијата од ориз, морски плодови и шафран создава вистинско гастрономско доживување.

Состојки (за 6 лица):

6 мали шолји (кафени) ориз

12 школки

2 лигњи

12 ракчиња

200 грама грашок

4 зрели домати

1 главица кромид

2 чешниња лук

2 лажици вегета

4 нишки шафран

Маслиново масло

Сол по вкус

Магдонос (свеж)

Подготовка:

Школките отворете ги на пареа и зачувајте го делот со месото, како и водата во која се готвеле.

Во посебен сад загрејте маслиново масло и пропржете ситно сечкан кромид и лук. Кога ќе добијат златна боја, додадете излупени и ситно сечкани домати, сечкан магдонос и ракчињата. Гответе околу 5 минути. Исчистените лигњи исечете ги на тркалца и кратко пропржете ги на маслиново масло. Тргнете ги настрана, а маслото зачувајте го.

Сварете го грашокот во малку посолена вода и зачувајте ја водата од варењето.

Во плитка и широка тава (паелја тава), ставете го маслото во кое се пржеле лигњите (по потреба додадете уште малку масло). Додадете го оризот и кратко пропржете го.

Потоа додадете грашок, зачинал, шафран, сосот со ракчиња и течност. Количината на течност треба да биде 2,5 пати поголема од количината на оризот (околу 15 кафени шолји). Користете комбинација од: вода од грашокот и вода од школките. Сè внимателно промешајте, посолете по потреба, а одозгора наредете ги школките, лигњите и раковите. Гответе 10 минути на тивок оган, потоа префрлете ја тавата во загреана рерна и печете уште 10 минути. Кога ќе биде готова, покријте ја и оставете да одмори 20 минути за да ја впие преостанатата течност. Сервирајте со кришки лимон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close