Пак загаден Вардар во налебата Лисиче, од град Скопје велат ако е истиот загадувач ќе следи ригорозна казна

Реката Вардар во населбата Долно Лисиче утрово повторно е загадена. Водата по течението на реката е обоена во црвена боја, и по пријава на граѓани инспекторите од Град Скопје и Државниот инспекторат за животна средина веднаш излегле на терен. „Во координација со Државниот инспекторат за животна средина испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна“, вели Мирослав Богдановски раководител на Инспекторатот на Град Скопје.

Извор: СДК

 

Back to top button
Close