Пакистан го зголеми буџетот за одбрана за 20 проценти

Пакистанската Влада денеска објави дека го зголемува буџетот за одбрана за фискалната 2025 – 2026 година за 20 проценти. Зголемувањето на воениот буџет уследи по минатомесечната четиридневна војна со Индија.

Пакистанскиот министер за финансии Мухамед Аурангзеб изјави дека Владата издвоила 2,55 билиони рупии (девет милијарди долари) за одбраната, додека претходниот буџет изнесуваше 2,12 билиони рупии.

Пакистанската опозиција е против бидејќи издвојувањето за одбраната е многу поголемо од средствата наменети за високото образование, развојот на земјоделството и ублажување на ризиците од климатските промени.

Индија во февруари го зголеми буџетот за одбрана за 9,5 проценти.

Back to top button
Close