Пакистанци и Индијци нападнале Авганистанци во Лојане

Кај посочените како напаѓачи се пронајдени пиштол, куршуми и нож и тие се приведени во полицијаЧетири лица од Авганистан пријавиле во полициската станица во Куманово дека биле нападнати од лица од Пакистан и од Индија.

Како што соопшти МВР, Х.А.(34), С.Е.(21), Р.А.(21) и Ф.Е.(16), сите од Авганистан, вчера во 15.30 часот пријавиле дека околу 00.15 часот, во близина на Транзитен центар „Табановце“ биле нападнати од неколку лица од Пакистан и од Индија, кои потоа им одзеле пари.

Според пријавеното, лицата употребиле остар предмет и пиштол. По преземени мерки, во врска со настанот, во с.Лојане, општина Липково, од слобода биле лишени Л.С.(23) од Индија, М.А. од Пакистан, И.Х.(31) од Пакистан, П.К.(20) од Индија и 16-годишник од Пакистан.

Кај нив биле пронајдени и одземени еден пиштол „зораки“ со една празна рамка, четири куршуми и еден нож. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Back to top button
Close