Пакистанскиот министер за надворешни работи позитивен на коронавирус

Исламабад, 3 јули 2020 (МИА) – Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши е заразен со коронавирусот.

Тој на Твитер напиша дека има мала температура и оти веднаш се изолирал во својот дом.

Куреши изјави дека планира да ги извршува своите должности од дома.

Си-Ен-Ен наведува дека не е познато како Куреши се заразил, но потсетува дека во средата се сретна со американскиот специјален претставник за Авганистан.

Back to top button
Close