Пале во самоодбрана изврши убиство – роднини бараат слобода за велешанката!

Роднини на велешанката Пале (23) која е обвинета за убиство на својот вонбрачен партнер, полицаецот Александар Р.(40) со онлајн петиција бараат да биде ослободена, бидејќи, како што тврдат, убиството го извршила во самоодбрана, борејќи се за здив додека тој ја давел.

„Млада девојка без грижа од родителите на 16, 17-годишна возраст пронаоѓа утеха во погрешна личност. Родители разведени, мајката болна, брат на мојот татко, нејзин татко, сега веќе починат. Сестра со која не живее поради дотичниот, бидејќи после смртта на мојот чичко, сака целата куќа да биде префрлена на неговата девојка. Се влечат по судови, дотичниот ја напаѓа нејзината сестра со закани дека по секоја цена мора да и ја препише куќата на сестрата, верувам за потоа по секоја цена да и ја земе, и да ја остави на патот. Се надевам ќе се најдат добри луѓе кои би помогнале, би се бореле за неа, до неа, да добие условна казна. Јас сум со неа, Господ нека и е на помош“, раскажува нејзината прва братучетка за Фокус .

Според Обвинителството, по вербална и физичка расправија меѓу парот, А.Р. ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во пределот на левата страна на градниот кош која резултирала со смртна последица. Одреден и е притвор од 30 дена.

Back to top button
Close