Палестинците со контрапредлог на мировниот план на САД

Палестинците испратија одговор на американскиот блискоисточен мировен план, според кој делови на Западниот Брег ќе бидат анектирани од Израел, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамед Штаје.

– Пред неколку денови и дадовме контрапредлог на „четворката“, истакна Штаје, алудирајќи на САД, Русија, ОН и ЕУ.

Тој нагласи дека е предложено создавање „суверена палестинска држава, независна и демилитаризирана“ со „незначителни измени на границите, каде што е потребно“.

Back to top button
Close