Палестинската Црвената полумесечина пронајде 14 безживотни тела на болничари и припадници на Цивилната заштита
Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека пронашла 14 тела на загинатите спасувачи по минатонеделниот израелски напад врз возило на брзата помош.
Израелските војници на 23 март погодија возило на брзата помош во јужниот дел на Појасот Газа и до денеска не беше позната судбината на екипата на Црвената полумесечина.
Меѓу загинатите осум биле болничари на палестинската Црвена полумесечина, пет биле членови на Цивилната заштита и еден вработен во агенција на Обединети нации.
Израелската армија соопшти дека сомнително возило им се приближило и војниците отвориле оган.