Палестински извори тврдат дека има десетици загинати и повредени во израелските напади кај бегалскуиот камп Нусејрат

Израелската армија соопшти дека во тек е напад врз инфраструктурата на Хамас во областа на бегалскиот камп Нусејрат во Појасот Газа.

Министерството за здравство на палестинската енклавата, пак, објави дека има десетици мртви и ранети, пренесува БТА.

Палестинските здравствени власти соопштија дека многу жртви и ранети, меѓу кои и деца, се донесени во болницата Ал Акса во Газа.

– Десетици повредени лежат на земја и медицинските тимови се обидуваат да ги спасат со достапните медицински ресурси што им се на располагање, објавија палсетинските власти на Фејсбук

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close