Палестински официјален претставник ја осуди најавата за изградба на нови еврејски населби на Западниот Брег

Висок претставник на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Васел Абу Јусеф ја осуди денеска изјавата на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич во која тој се залага за изградба на нови еврејски населби на окупираниот Западен Брег.

Јусеф, член на Извршниот комитет на ПЛО, оцени дека целта на ваквите изјави е продолжување на „геноцидот“ врз Палестинците.

Смотрич, исто така, вчера рече дека израелската Влада ќе преземе казнени мерки против палестинската управа како одговор на меѓународните потези на палестинските власти против Израел

Back to top button
Close