Палевски: Ниту сум монструм, ниту убиец, јас сум под линч од портали контролирани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а киднапиран од Кривичниот суд
Љупчо Палевски – Палчо сведочи за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој денеска на рочиште во Кривичниот суд одговара на прашања од својот адвокат Јовица Страшевски.
Палевски рече дека ниту се чувствува како монструм, ниту како убиец, на прашање на адвокатот.
Страшевски: Да расчистиме една важна работа. Почнувајќи од првите прес конференции на МВР и ЈО, до ден денес се носи тој товар за тебе дека си монструм и убиец, би сакал да те прашам јавно дали се чувствуваш лично како што те прикажаа на прес конференциите на ЈО и МВР и по медиумите дека си монструм и убиец? Барам конкретно и јасно да одговориш на ова прашање.
Палевски: Ниту едното, ниту другото. А, мотивите за таквото однесување, суспендирање на правото на невисност, се додека не се докаже вината, не постои и тоа од причини што шефот на скопското ЈО Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се дирекно одговорни за перењето пари во Република Македонија. А, Оливер Сапсовски дал согласност како министер за внатрешни работи, ирански државјанин шверцер на дронови да отвори сметка во НАТО Банки на Република Македонија. Токму таа одговорност и сериозен криминал според износите депонирани во македонските банки, што е сосема доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек се компромитира во целост, а инструментот по добрен глас за ова обвинителство не постои, како и за оружјето во овој судски процес. Медиумите се целосно корумпирнаи од банкарскиот сектор и без подршка од банкарскиот сектор нема да постојат. Една и пол година врескаат дека докази има и јас додека бев во Турција за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ми покажа принтана копија од вестите каде бев опишуван како што бев опишан. На прес конференција на која оддржана на 5-ти декември кога е и поднесена кривична пријава, денеска гледам дека постоело само едно вештачење во моменти на одржување на таа прес-конференција. ЈО до подигање на кривичната пријава, го има вештачено само телефонот на убиениот Панче Жежовски и две вештачења за папиларни линии и ДНК сите останати вештачења се правени по прес конференцијата. Но, прашањето во една ваква масовна истрага кој и зошто ги прифирал со лаги медиумите, веќе е одговорено, па како пример ќе наведам. Сведокот Гоце Трајковски кој глумеше Рол Хонс овде во судот, лично тој на Каришиќ му праќал скриншотови од некакви инфлуенсерки, кои тврдат дека јас сум бил очув на Вања. Сето ова го пласирал на оваа багра на оваа позади мене позади стаклото…
Судијата реагираше и го опомена обвинетиот Палевски да внимава како со однесува во судница и за изречените навреди кој медиумите.
Палевски: Позади мене е сместена една професија која фунцкионира крајно непрофесинално и фунцконира на шпеуклации од луѓе како посочениот Гоце Трајковски. После една и пол година од наастнот не пости наслов во медиумите каде монструмот го посочува оружјето со кое постои веројатност да биде сторено ова кривично дело. Јас сум под линч од портали кои се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Организацијата отиде подалеку и од наслов, па друга една професија која се нарекува адвокат. Јавно преку медиумите се прозиваа да не ме застапуваат, што после ќе објаснам зошто е тоа правено и ќе докажам како сум киднапиран од овој основен кривичен суд Скопје.
– Не сум ги извршил убиствата, ниту грабнувањата. Едноставно немам мотив за тоа, затоа што во депото на Основното јавно обвинителство, се наоѓа хард диск Тошиба кој го одземаа со записник во кој има преку 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил. Така што не само што не сум го направил, туку немам мотив да направам такво злосторство, рече Палевски.
пренесе тв 21 мк