Палевски обвини дека Видевски пукал, Манев бил организатор, а Кешишев бил стража
Првообвинетиот Љупчо Палевски, во случајот со грабнувањето и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, во завршните зборови денеска на судското рочиште рече дека еден од обвинетите, Велибор Манев е организатор, а Боре Видевски пукал, додека Влатко Кешишев бил стражар. Претходно Палевски беше прашан од таткото на убиената Вања да каже кој ја убил неговата ќерка. Палевски рече дека не учестувал во убиствата.
„Видевски пукаше, Кешишев е стражар, а Манев е организатор“, рече Палевски, откако претходно рече дека ќе ја испочитува желбата на Ѓорчевски да одговори зашто е убиена неговата ќерка.
Тој го обвини Манев дека ја следел и ја сликал жртвата.
Палевски исто така рече дека иако е обвинет за двете убиства, не постои трага, видео, доказ, сведок дека тој учествувал во ова злосторство. Тој го обвини Обвинителството дека имало за цел да го злоупотреби Законот за кривична постапка и додека трае расправата тој да се запознава со доказите со што времето за подготовка на неговата одбрана било нула.
„Нема трага дека сум пристутен на две места на грабнување и убиства и во две возила“, рече Палевски