Палежи и демолирање на протестот на земјоделците пред Европскиот парламент во Брисел

Сериозни инциденти се случуваат во Брисел пред зградата на Европскиот парламент, при што земјоделците палат гуми, фрлаат димни бомби и други предмети кон полицијата.

Властите одговорија со солзавец надвор, додека земјоделците предизвикаа штета и на Плоштадот Луксембург.

Во исто време, земјоделците што протестираат ги блокираа „Авенју де Артс“ и „Ру ду Луксембург“ со своите трактори.

Договорот ЕУ-Меркосур ќе создаде најголемата зона на слободна трговија во светот и ќе ѝ помогне на ЕУ да извезува повеќе стоки како што се возила, машини, вино и жестоки пијалоци во Латинска Америка.

Но, земјоделците тврдат дека тоа ќе го олесни и влегувањето на говедското месо, шеќерот, оризот, медот и сојата произведени од нивните јужноамерикански колеги во Европа

Back to top button
Close