Палминтери: Верувам дека пречките помеѓу Скопје и Софија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат

Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија Паоло Палминтери верува дека пречките кои во моментов ги имаат Бугарија и Македонија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат. Палминтери денеска во Штип одговораше на новинарско прашање дали е оптимист за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, а кој е пречка на земјава за започнување на преговорите за влез во ЕУ.

-Верувам и сметам дека пречките кои моментално се помеѓу Бугарија и Македонија, дека не се толку комплицирани за да не можат да се надминат. Така што верувам дека европската интегреација понатаму ќе биде во најдобар ред, вели Палминтери.

 

Тој посочи деја преговорите не се започнати и се во фаза на застој, но како што рече од друга страна останатите планови си течат во нормален тек.

 

– Како што знаете планот за развој е веќе одобрен, односно кога ќе созреат во иднина, ќе матурираат сите тие односи во врска со пристапувањето на Македонија кон ЕУ, државата веќе ќе биде подготвена целосно да се вклопи во тој европскоинтегративен процес. Италија, се разбира дека се надева Република Северна Македонија да биде целосно интегрирана во рамките на ЕУ во најскоро време, изјави Палминтери.

Амбасадорот на Италија денеска на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ присуствуваше на едукативен настан на тема „101% – Who controls your choices ?“, посветен на современите предизвици поврзани со насилството и манипулацијата преку социјалните мрежи

Back to top button
Close