Палмите на Вардар „облечени“ во ќеси за да не замрзнат

Палмите на кејот на Вардар добиваат заштита од ниските температури. Деновиве од Јавното претпријатите „Паркови и зеленило“ ги обвиткуваат палмите со ќеси за да не се исушат поради големиот студ.

– Деновиве нашите екипи превентивно ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар поради најавата за уште пониски минусни температури, се вели во информацијата од Јавното претпријатие.

Палмите кои се насадени во Скопје би требало да издржуваат и до минус 14 степени Целзиусови.

Back to top button
Close