Панајотов: Бугарија ќе продолжи да ги користи руските авиони МИГ -29

Министерот за одбрана во привремената бугарска Влада, Георги Панајотов, и началникот на армијата, адмирал Емил Ефтимов, денеска ја посетија воздухопловната база „Граф Игнатиево“, една недела по трагичниот инцидент со пилотот, мајор Валентин Терзиев, за време на вежба во Црното Море, забележа дописникот на МИА од Софија.

За време на состанокот, министерот Панајотов увери дека пилотите ќе најдат сила да продолжат да и служат на Бугарија и покрај „сите непримерени изјави“.

Министерот ги демантираше гласините дека авионите МиГ-29 ќе бидат приземјени како резултат на несреќата и пилотите нема да можат да ги подготвуваат и извршуваат своите должности.

-Авионите МиГ-29 се во нивниот животен циклус, тие имаат договор за одржување и нивната употреба ќе продолжи, прокоментира Панајотов.

За време на состанокот, пилотите побараа повеќе часови за подготовка.

Поради лошите временски услови во источна Бугарија и на брегот на Црното Море, пребарувањето на црната кутија од ирнатиот авион МиГ-29 се уште не е обновена.

Back to top button
Close