Панчо е осомничен за пиротехниката, но во моментот нема да се води постапка за него поради неговата здравствена состојба
Државниот јавен обвинител вечерва во телевизиско интервју рече дека за еден член од бендот, кој е осомничен за пиротехниката нема во моментов да се води постапка поради лоша здравствена состојба.
„Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал“, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во интервју за ТВ24.
ТВ24: Дали е меѓу нив осомничениот кој беше дел од бендот ДНК?
Коцевски: Такви информации не можам да споделувам, но има и такви.
ТВ24: Кој директно беше нели меѓу осомничените за пиротехниката
Коцевски: Така.
Коцевски претходно изјави дека утре завршува истрагата.